• среда, 25 декември 2024

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Најава за генерален штрајк од  Синдикат на вработените во Министерството за финансии
Скопје, 28 февруари 2023 
 
Почитувани,
 
Како Синдикат на вработените во Министерството за финансии изрзуваме големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на нашите плати.
 
Имено пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30%.
 
Министерот за финансии, Г-дин Фатмир Бесими тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор - Секторот за буџети, а не за сите вработени.
 
Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените.
 
Ова е огромен скандал каде што зад очите на јавноста, без консултации со вработените и синдикатите сакаат да го скратат она покачување што законски ни следува на сите вработени во Министерството.
 
Одредбата од чл.66 во Законот е јасна, таа предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството.
 
Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, ние како вработени ќе пристапиме кон масовни штрајкови.
 
Со Почит,
 
Синдикат на вработените во Министерството за финансии.
 
фото: Синдикат на вработените во Министерството за финансии
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан