• понеделник, 15 декември 2025

Завршна конференција „Растеме заедно: достигнувања, искуства и идни чекори“

Завршна конференција „Растеме заедно: достигнувања, искуства и идни чекори“

Скопје, 25 јуни 2025 (МИА) - Центарот за семеjно и детскo згрижување – КМОП Скопје, во партнерство со Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ја организираат завршната конференција „Растеме заедно: достигнувања, искуства и идни чекори“.

Настанот е дел од проектот „Место за растење – Општина посветени на децата“, финансиран од Европската унија. На настанот воведни говори ќе одржат Кристина Василевска, директорка на Центарот за семејно и детско згрижување – КМОП Скопје и Исак Мисини, проектен координатор во Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Како што информираат од КМОП Скопје, настанот претставува можност за заедничко разгледување на резултатите од проектот, како и за дискусија околу идните можности за унапредување на детските права на локално и национално ниво. 

-Овој настан претставува можност за заедничка рефлексија и споделување на предизвици, успеси и научени лекции од процесот на креирање локални стратегии за унапредување на детските права. Завршната конференција ќе ги обедини претставниците на петте партнерски општини – Кисела Вода, Велес, Виница, Дебар и Гостивар – заедно со деца и млади, претставници на национални институции, граѓански организации и меѓународни партнери, посочуваат од КМОП Скопје.

Една од главните цели на овој настан, како што информираат од КМОП Скопје, е осигурување на одржливоста на резултатите и понатамошното поттикнување на учеството на децата во локалното одлучување.

-Во оваа насока, конференцијата ќе служи како поддршка на институциите и општините во примена на веќе креираните алатки и практики. Преку овие активности се стремиме да обезбедиме долгорочно влијание врз заштитата и унапредувањето на правата на децата на локално и национално ниво, соопштуваат од КМОП Скопје.фф/са/

Фото: КМОП Скопје

Остани поврзан