МФ организира настан „Зајакнување на институционалните капцитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Северна Македонија“
- Настанот ќе го отворат вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и амбасадорката на САД Ангела Агелер.
Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Министерството за финансии денеска организира настан „Зајакнување на институционалните капцитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Северна Македонија“ на кој ќе се претстават досегашната и идната оработка меѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД.
Настанот ќе го отворат вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и амбасадорката на САД Ангела Агелер.
По завршувањето, предвидена изјава на министерката Димитриеска-Кочоска. мч/бак/
фото: МИА