• недела, 24 ноември 2024

Завршна конференција на ЕУ проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“

Завршна конференција на ЕУ проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Завршна конференција за проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ финансиран од Европската Унија, а краен корисник е Министерството за образование и наука, ќе се одржи денеска во Скопје.

- Овој настан ќе ги нагласи клучните резултати, научените лекции и идните чекори за подобрување на квалитетот на образованието. Исто така, ќе обезбеди одлична можност за вмрежување и дискусии меѓу експерти, едукатори и креатори на политики, се наведува во соопштението.

Според агендата, на отворањето на конференцијата, ќе се обратат министерка за образование и наука Весна Јаневска, Стефен Худолин од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, директорот на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ Николај Сапунџиев и тим лидерот на проектот Весна Јаневски. дма/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан