• четврток, 05 март 2026

Корисниците од село Драчево без вода поради замена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“

Корисниците од село Драчево без вода поради замена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) – ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека денеска корисниците од село Драчево во општина Кисела Вода ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа.

Како што соопштуваат од претпријатието, ќе се изведува замена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“, во близина на мостот, поради што водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па сè до завршување на санацијата на дефектот. ар/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан