• среда, 25 декември 2024

Девета меѓународна конференција за жени Ромки и патници - „Градиме заедно еднаквост“

Девета меѓународна конференција за жени Ромки и патници - „Градиме заедно еднаквост“

Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Во следните два дена Скопје ќе биде домаќин на деветата меѓународна конференција за жени Ромки и патници - „Градиме заедно еднаквост“, во организација на Министерство за труд и социјална политика и Советот на Европа.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, генералната директорка за демократија и човечко достоинство на Совет на Европа, Марја Руотанен, амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Армен Грегоријан.

Конференцијата, како што е најавено, треба да послужи како форум за размена помеѓу граѓанското општество, жените Ромки и патници, а во насока за градење сојузи со цел да се постигне координирана, сеопфатна поддршка и систем за следење во спроведувањето на клучните стандарди на Советот на Европа и другите меѓународни организации и на националните власти кои промовираат родова еднаквост за сите жени. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан