• среда, 27 ноември 2024

Седници на собраниските комисии за политички систем, за одбрана и безбедност и Законодавно - правната комисија

Седници на собраниските комисии за политички систем, за одбрана и безбедност и Законодавно - правната комисија

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2023 година, за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година, како и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2023 година и за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година. 

Единствена точка по која ќе расправаат членовите на Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија е Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан. цр/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан