• сабота, 27 јули 2024

АХВ почнува нова кампања за справување со Африканската чума кај свињите

АХВ почнува нова кампања за справување со Африканската чума кај свињите

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство денеска на прес - конференција ќе најави почеток на кампањата за Африканската чума кај свињите.

На прес - конференцијата ќе се обрати директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка и поддршка од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) веќе четврта година вложуваат заеднички напори за подигување на свеста кај јавноста за спречување, откривање и пријавување на Африканската чума кај домашните и дивите свињи, со цел контрола и искоренување на оваа смртоносна болест, стои во соопштението од АХВ. вг/са/

 

Остани поврзан