• сабота, 27 јули 2024

Авионско прскање против комарци во Општина Карбинци

Авионско прскање против комарци во Општина Карбинци

Карбинци, 20 јуни 2024 (МИА) - Општина Карбинци утре со почеток во 5 до 6 часот ќе се спроведе авионско третирање против возрасни комарци, информираат преку писмено соопштение од кабинетот на градоначалникот на Општина Карбинци. Во соопштението се наведува дека третирањето ќе се изврши на површина од 300 хектари.

- Авионското прскање против комарци ќе биде на 200 хектари (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница со почеток од река Злетовска до село Чардаклија, односно Стар Караорман во должина околу 10 километри. Опфатени ќе бидат и  30 хектари оризни полиња под село Крупиште, 25 хектари по течението на Таринска/Раданска река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот во река Брегалница до над село Радање, 20 хектари по течението на Козјачка река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот на река Брегалница до над село Козјак; и 25 хектари по течението на Аргуличка/Црвулска река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот во река Брегалница до над село Аргулица, се вели во соопштението на Општина Карбинци.

Се известуваат и пчеларите во времето на третирањето и три до четири  часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден. вдј/ар

Фото: Општина Карбинци

 

Остани поврзан