• петок, 27 декември 2024

Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на ООН против корупција

Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на ООН против корупција

Скопје, 5 април 2022 (МИА) - Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска и утре ќе се одржува Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК).

Работилницата има за цел да ги развие капацитетите на учесниците во Конвенцијата на Обединетите нации против корупција (УНКАК) и да овозможи конструктивен дијалог меѓу граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и владините експерти.

Ќе се состои од пленарни сесии кои ќе им овозможат на учесниците да го дадат својот придонес за време на презентациите преку активно учество во дискусиите и размена на информации/знаења и интерактивни вежби кои обезбедуваат конкретни можности за учење.

Како што е најавено, ќе учествуваат заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Никола Тупанчевски, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, Бил Вуд, раководител на УНОДЦ програмската канцеларија во земјава и Матиас Хутер, директор на УНКАК Коалиција. мд/лв/

Остани поврзан