• петок, 08 ноември 2024

Научници од Швајцарија: Микропластиката го попречува процесот на фотосинтеза кај дрвјата

Научници од Швајцарија: Микропластиката го попречува процесот на фотосинтеза кај дрвјата

Цирих, 29 август 2024 (МИА) - Честички од микропластика стигнуваат до лисјата и иглиците на дрвјата преку корените и го попречуваат процесот на фотосинтеза, нагласуваат истражувачите од Швајцарскиот институт за технологија ETH Цирих.

За време на експериментот, беше утврдено дека по апсорпцијата на микропластичните честички, дрвјата повеќе не користеле дел од сончевата енергија за процесот на фотосинтеза, туку ја ослободувале во форма на топлина, што е типична реакција на дрвјата на стрес, наведено е во студијата.

За потребите на експериментот, истражувачите засадиле сто дрвја  и ги потопиле нивните корени во вода збогатена со хранливи материи наместо во земја, додавајќи различни концентрации на ситни пластични честички, познати и како микропластика, во водата. По само неколку недели, истражувачите пронајдоа еден до два милиграми нанопластика на грам растителен материјал во корените, додека десет до сто пати помалку во лисјата и иглиците, а мерењата покажаа дека ефикасноста на фотосинтезата во дрвјата со лисја паднала за една третина во рок од две недели додека кај засадената смрека – за една десетина во рок од четири недели.зш/

Остани поврзан