• среда, 13 ноември 2024

Натпревар Ливерпул - Атлетико доведе до смрт на 41 лице од коронавирус

Натпревар Ливерпул - Атлетико доведе до смрт на 41 лице од коронавирус
Лондон, 24 мај 2020 (МИА) – Компанијата „Еџ Здравје“ спроведе студија за влијанието на натпреварот Ливерпул - Атлетико во четвртфиналето од Лигата на шампионите врз ширењето на коронавирусот. Овој меч доведе до смрт кај 41 лице од коронавирус, објави „Сандеј Тајмс“. Заболените починале 25-35 дена по натпреварот. Според научниците, во моментот на натпреварот во Шпанија имало 640 илјади заразени, во Англија - 100 илјади. Натпреварот се одигра во Ливерпул на 11 март, го посетија 52 илјади гледачи, меѓу кои и три илјади навивачи од Мадрид, град каде во тоа време делумно беше воведен карантинскиот режим. зс/

Остани поврзан