• сабота, 23 ноември 2024

Натпреварот во Кавадарци сепак прекинат, а не завршен

Натпреварот во Кавадарци сепак прекинат, а не завршен

Кавадарци, 22 септември 2024 (МИА) – Поради погоден помошник судија со тврд предмет, натпреварот во Кавадарци меѓи Тиквеш и Вардар е прекинет.

Во записнокот по натпреварот е внесено дека главниот судија Александар Ставрев во 90+6. минута не свирнал крај, туку го прекинал мечот. 

На прекинот претходешпе инцидент во кој од публиката долета предмет кон помошникот Гоце Петрески. Инцидентото се случи поради поништен гол на Тиквеш во самиот финиш при водство на Вардар со 1:0.

Се очекува одлука на надлежната комисија при Фудбалската федерација на Македонија. 

Тиквеш се соочува со службен пораз и казна.

Инаку, Вардар постигна гол преку Закариќ во 71. минута. зс/

Фото: Фејсбук ФК Вардар

Остани поврзан