• среда, 25 декември 2024

Главната задача не Бокети е да ја спаси Монца од испаѓање

Главната задача не Бокети е да ја спаси Монца од испаѓање

Монца, 24 декември 2024 (МИА) - Генералниот директор на Монца, Адријано Галијани, ја именува задачата на новиот тренер на тимот Салваторе Бокети.

-Задачата на Бокети за сезоната ќе биде да го извади тимот од зоната за испаѓање, изјави Галијани.

Монца по 17. коло го зазема последното, 20. место во поредокот на италијанскиот шампионат со 10 бода.

Договорот со 38-годишниот специјалист е склучен до 30 јуни 2027 година.

Вчера Монца објави оставка на Алесандро Неста како главен тренер на тимот. Тој го предводеше тимот од јули 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан