• четврток, 26 декември 2024

Народната банка на конференција за е-трговија: Се обезбедуваат услови за иновативни дигитални решенија и намалување на надоместоците

Народната банка на конференција за е-трговија: Се обезбедуваат услови за иновативни дигитални решенија и намалување на надоместоците

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Одржувањето ефикасен, сигурен и безбеден национален платен систем, подготвен за идната интеграција кон платежната инфраструктура на Европската Унија е една од придобивките на новиот Закон за платежни услуги и патни системи, било истакнато на панел-дискусијата насловена „Дијалог за плаќањата: Истражување на пејзажот за плаќање во е-трговијата“, во рамките на Конференцијата на тема „Редефинирање на е-трговијата со вештачка интелигенција“, на која претставник на Народната банка била раководителката на Отсекот за политика и развој на платните системи во Дирекцијата за платни системи, Анита Хеѓкези.

Како што е наведено во денешното соопштение од Народна банка, преку спроведувањето на законските одредби, Народната банка како регулатор на овој пазар обезбедува услови со цел да ја поттикне конкуренцијата заради збогатување на услугите коишто се засновани на дигитални решенија, едновремено поттикнувајќи намалени надоместоци. Притоа, како пто посочуваат од Народна банка,особено внимание ѝ се посветува на поддршката на процесот на финансиско вклучување на граѓаните.

На панел-дискусијата било нагласено дека новите финтек-компании коишто се придобивка од спроведувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, ќе понудат иновативни дигитални решенија за иницирање на плаќањата за раст и развој на е-трговијата.

-Меѓу другото, ќе се поттикне развојот на картичното работење во земјата, што е значајно за потрошувачите и компаниите. Се очекува дека висината на заменските надоместоци, коишто се составен дел на трошоците што паѓаат на товар на трговците за прифаќањето на плаќањата со платежни картички, постепено ќе се намалува и започнувајќи од јануари 2025 година, ќе биде на исто ниво со висината на заменските надоместоци на земјите членки на ЕУ. Ова ќе придонесе кон позначително намалување на трошоците на трговците за прифаќање на плаќањата со платежни картички, се наведува во соопштението.

На Конференцијата одржана во Скопје посветена на е-трговијата учествуваа повеќе од 600 гости од земјата и странство. дма/са/

 

Форо:Народна банка

Остани поврзан