Наполи го промовираше Мектомини
- Наполи го финализираше трансферот на Скот Мектомини. Шкотскиот играч за врска пристигна во составот на „небесно сините“ од Манчестер Јунајтед за сума од 30,5 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ ќе добијат и 10% од следната продажба на својот младинец.
Неапол, 30 август 2024 (МИА) - Наполи го финализираше трансферот на Скот Мектомини. Шкотскиот играч за врска пристигна во составот на „небесно сините“ од Манчестер Јунајтед за сума од 30,5 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ ќе добијат и 10% од следната продажба на својот младинец.
Мектоминипотпиша договор со Наполи на 4 години во кој ќе добива по 3 милиони евра годишно. Шкотланѓанецот е шестото ново засилување на Антонио Конте по Ромелу Лукаку, Давид Нереш, Алесандро Бонџорно, Рафа Марин и Леонардо Спинацола.
Мектомини одигра вкупно 255 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна 29 гола. Тој беше во последната година од договорот со англискиот клуб.
Се очекува за неколку часа Наполи да привлече уште еден Шкотланѓанец - Били Гилмор од Брајтон. дс
Фото: Наполи