• четврток, 26 декември 2024

Намален бројот на работници во индустријата

Намален бројот на работници во индустријата
Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) - Бројот на работниците во индустријата лани во декември е намален за 3,2 отсто во споредба со истиот месец 2020 година, а на годишно ниво во 2021 година има намалување од 2,4 отсто во однос на 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи опаѓање од 6,2 отсто, во Преработувачка индустрија има опаѓање од 3,1 отсто, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи опаѓање кај Енергија за 2,8 отсто, Капитални производи за 0,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто, додека пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.вј/дма/

Остани поврзан