• четврток, 26 декември 2024

Над 44 степени највисоката максимална температура во Грција во текот на вчерашниот ден

Над 44 степени највисоката максимална температура во Грција во текот на вчерашниот ден

Атина, 14 јуни 2024 (МИА) – Екстремно високи температури биле регистрирани вчера во повеќе делови на Грција, а на островите Крит и Родос, на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина термометарот покажал меѓу 43,3 и 44,5 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вкупно 500 активни метеоролошки станици во цела Грција, половина од нив измериле над 37 степени, а 136 станици над 40 степени. 

Највисоката максимална температура (44,5) била регистрирана во близина на Ханија на островот Крит, а просечната максимална температура во Грција била 36,3 степени.

Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 55 од 74 активни станици регистрирале температури над 40 степени.

Во 15 часот по локално време, термометарот во центарот на Атина, покажуваше 41 степен Целзиусов, температура екстремно висока за овој период од годината и највисока во првата половина на јуни

Од вторникот Грција ја зафати топлотен бран со екстремно високи температури што кулминираше вчера, а надлежните министерства излегоа со мерки и препораки за граѓаните, дел од училиштата и градинките во земјата во средата и четвртокот беа затворени, а истите денови Акропол во периодот од 12 до 17 часот беше затворен за посетители. ср/

Остани поврзан