• вторник, 24 декември 2024

Над 300 учесници на претстојниот 13. Меѓународен турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2024“

Над 300 учесници на претстојниот 13. Меѓународен турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2024“


Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) – Над 300 натпреварувачи од осум европски држави се очекува да настапат на претстојниот 13. Меѓународен турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2024“.
Како што соопштија денеска организаторите, на турнирот досега се пријавени околу 200 борци од Словенија, Србија, Грција, БиХ, Бугарија, Австрија, Црна Гора и Македонија, а се очекува вкупната бројка да надмине 300
Годинешното издание на овој традиционален меѓународен турнир во џиу џицу ќе се одржи на 9 ноември во спортската сала „Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден.
Турнирот, како што информираше денеска македонската Федерација во џиу џиџу ќе го отвори министерот за спорт Борко Ристовски. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан