• сабота, 21 декември 2024

Надал елиминиран во четвртфиналето на мастерсот во Монте Карло

Надал елиминиран во четвртфиналето на мастерсот во Монте Карло
Монако, 16 април 2021 (МИА) – Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата „мастерс 1000“ во Монте Карло совладувајќи го вечерва 11. кратниот освојувач на турнирот Рафаел Надал со 6:2, 4:6, 6:2. Откако на претходните два меча во Монте Карло загуби само пет гемa, Надал во четвртфиналето во целост беше надигран од осмиот светски рекет на АТП листата. Рубљов по освоениот прв сет, водеше и со 4:2 во вториот и имаше „брејк-топка“ за предност од 5:2, но Надал успеа да освои четири гема едноподруго и да се избори за трет сет. Сепак, Шпанецот не можеше до целосен пресврт против исклучително расположениот Рубљов. Претходно денеска пласман во полуфиналето обезбедија и Британецот Даниел Еванс и Норвежанецот Каспер Руд. Рубљов за пласман во финалето ќе игра против Руд, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Стефанос Циципас и Даниел Еванс. ег/

Остани поврзан