Навивачите на Челзи го скандираа името на Роман Абрамович во знак на протест против управата на клубот
- Навивачите на Челзи излегоа на протест против управата на клубот пред синоќешниот натпревар од 27. коло од англискиот шампионат против Саутемптон.

Лондон, 26 февруари 2025 (МИА) - Навивачите на Челзи излегоа на протест против управата на клубот пред синоќешниот натпревар од 27. коло од англискиот шампионат против Саутемптон.
Додека маршираа кон стадионот, тие го скандираа името на поранешниот сопственик на клубот, Роман Абрамович.
Конзорциумот „Клирејк капитал“ го купи Челзи од рускиот бизнисмен во 2022 година за 4,25 милијарди фунти.
Абрамович беше сопственик на лондонскиот клуб од 2003 до 2022 година. За тоа време, Челзи пет пати стана шампион на Англија и победник на англискиот куп, три пати го освои англискиот Лига куп и двапати ја освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
По неговото заминување „Сините од Лондон“ немаат освоено ниту еден трофеј. зс/
Фото: ЕПА