• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Голем хендикеп за Македонија и за Алкалоид, Митев има скинати вкрстени лигаменти на коленото

Голем хендикеп за Македонија и за Алкалоид, Митев има скинати вкрстени лигаменти на коленото

Копер, 16 март 2025 (МИА) – Еден од најдобрите македонски ракометни репрезентативци, Марко Митев по само неколку минути поминати на теренот го заврши натпревар со Словенија вечерва во Копер. Организаторот на играта на Македонија и член на Алкалоид, во една транзиција лошо стапна и го повреди десното колено. 

Според информациите кои доаѓаат од Словенија, 22-годишниот Митев има скинат вкрстен лигамент на десното колено.

За закрепнување од ваква повреда се потребни најмалку шест месеци месеци, па сезоната 2024/25 за Марко Митев е завршена.

Митев заедно со репрезентативните колеги утре се враќа во Скопје по што ќе му биде извршена операција. зс/

Фото: архива МИА 

Остани поврзан