• среда, 25 декември 2024

Муцунски се сретна со новите членови на комисијата за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија

Муцунски се сретна со новите членови на комисијата за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска одржал протоколарна средба со новите членови  на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

На средбата во МНРНТ, министерот Муцунски  пред членовитете на Комисијата истакнал дека Министерството „со сите свои капацитети им стои на располагање во процесот на одговорно и непречено понатамошно извршување на нивните редовни активности“.

-Тој посочи дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода. Воедно, ја истакна и личната заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, се наведува во соопштението на Министерството.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември. За нејзин претседател е назначен Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Членови на комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.хс/са/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан