• сабота, 23 ноември 2024

МО: Набавката на опрема за Армијата поддржана од Европскиот мировен фонд тече според планираното

МО: Набавката на опрема за Армијата поддржана од Европскиот мировен фонд тече според планираното

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Набавката на воена опрема поддржана од Европскиот мировен фонд со девет милиони евра тече согласно планираната динамика, беше потврдено на денешниот прв состанок на Управувачкиот комитет одржан во Домот на Армијата, соопштија од Министерството за одбрана (МО). 

Комитетот чија основна задача е да ја следи реализацијата на овој проект се состои од претставници на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата, Организација за имплементација на мерката од Европскиот Мировен фонд, Организацијата за унапредување на човековата безбедност  (ИТФ) и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Директорот на Генералштабот, бригадниот генерал Симеон Трајковски на отворањето на состанокот, се наведува во соопштението, истакнал дека оваа помош од Европската Унија наменета за потребите на македонската Армија ќе ги зајакне капацитетите на Армијата, ќе  влијае на развојот на одбранбените способности и на интероперабилноста на Армијата.

- Директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, амбасадорот Томаж Ловренчич, агенција која ќе го имплементира проектот на Европскиот мировен фонд за поддршка на Армијата додаде дека планираните активности се веќе започнати и се реализираат согласно стратешките цели, листа на приоритети и роковите на испорака на опрема за Армијата. Првата испорака, истакна, се очекува да биде во април оваа година, се вели во соопштението.

Хозе Карлос Енгра Морено, од Службата на Европската комисија за инструментите на надворешна  политика, ја истакнал важноста на земјите од Западниот Балкан за безбедноста на Европа и додал дека покрај оваа помош за Северна Македонија вакви проекти се веќе во тек и со други земји од регионот.

- Средствата кои се дел од овој Проект се наменети за набавка на опрема за Лесната пешадиска баталјонска група и тоа логистичка, медицинска, инженериска и опрема за изведување на обуки, комуникациско-информациски системи и за разузнавачки капацитети, соопштија од МО. цр/лв/

Фото: МО

Остани поврзан