• недела, 24 ноември 2024

Москва тврди дека граната испукана од Украина уништила руски граничен објект

Москва тврди дека граната испукана од Украина уништила руски граничен објект
Москва, 21 февруари 2022 (МИА) - Официјална Москва соопшти дека граната истрелана од Украина уништила пограничен објект што го користела руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), во момент на загриженост на Западот за ескалација на борбите во источна Украина. „На 21 февруари, во 9:50 часот (06:50 ГМТ), проектил испукан од Украина целосно уништи граничен објект што го користеше граничната служба ФСБ во Ростовската област на околу 150 метри од руско-украинската граница“, се вели во соопштението на ФСБ. паг/

Остани поврзан