• среда, 25 декември 2024

Мората би можел да се врати во Серија А

Мората би можел да се врати во Серија А

Мадрид, 25 април 2024 (МИА) - Шпанскиот напаѓач Алваро Мората повторно може да заигра за Јувентус, пишува весникот „Марка“. Мората е во сопственост на Атлетико Мадрид, но неговата иднина е неизвесна и би можел да го смени клубот на лето.

Мората, кој има уште две години од договорот со Атлетико, би можел да се врати во Торино, но постои и опција за комплетирање на трансфер во Саудиска Арабија. Минатото лето тој одби договор вреден 50 милиони евра по сезона од саудиската лига, но ова лето би можел да ја промени позицијата бидејќи има речиси 32 години и ова може да биде последниот голем договор во неговата фудбалска кариера.

Мората оваа сезона постигна 20 гола и имаше 3 асистенции. Шпанецот играше за Јувентус во 2014-16, а потоа и 2020-22. дс

Фото: Архива

Остани поврзан