• петок, 27 декември 2024

МОН: Училиштата мора да останат безбедна средина за младите, прекините на наставата не одат во прилог на нивниот правилен развој

МОН: Училиштата мора да останат безбедна средина за младите, прекините на наставата не одат во прилог на нивниот правилен развој
Скопје, 29 октомври 2022 (МИА) - Училиштата се и ќе останат средина во која учениците ќе се чувствуваат безбедно и ќе го развиваат својот потенцијал преку непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес. Тоа е суштината на постоењето на образовните установи и Министерството за образование и наука го осудува секој обид за попречување и прекин на наставата, одвлекување на вниманието на учениците и наставниците од реализацијата на секојдневните училишни, односно работни обврски и создавање непотребни грижи за нивната сигурност во училниците. Од МОН апелираат до училишните раководства да го подигнат нивото на безбедност во училишните објекти и да продолжат со организација на воспитно – образовниот процес. -Локалните самоуправи под чија и надлежност се основните општински и јавните средни училишта, МОН и МВР секогаш излегуваат во пресрет кога е потребна било каква дополнителна поддршка, затоа што сите делуваме во насока на заштита на најдобрите интереси на учениците и воопшто на младите, се вели во соопштението од МОН. МОН ги осудува постапките на субјектите кои ја попречуваа работата на неколку средни училишта во главниот град во изминатите денови и изразува надеж дека од страна на соодветите органи ќе бидат пронајдени и санкционирани час поскоро. аа/бк/

Остани поврзан