• сабота, 27 јули 2024

Монако понуди 22 милиони евра за Закарија, Јувентус сака 25 милиони

Монако понуди 22 милиони евра за Закарија, Јувентус сака 25 милиони

Рим, 10 август 2023 (МИА) - Монако работи на трансферот на Денис Закарија.

 

Според Фабрицио Романо, францускиот клуб на Јувентус му понудил 22 милиони евра, вклучувајќи бонуси за трансферот на фудбалерот од средниот ред.

 

„Бјанконерите“ сакаат да добијат 25 милиони евра од продажба на играчот. Двете страни се блиску до постигнување договор.

 

Швајцарскиот фудбалер за врска минатата сезона забележа седум настапи во Премиер лигата за Челзи како позајмен играч. зс/

 

Фото. ЕПА

Остани поврзан