Моди: Ниту една сила во светот не може да ја врати автономијата на државата Џаму и Кашмир
- Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска ја поддржа контроверзната одлука на неговата Влада од 2019 година за укинување на делумната автономија на државата Џаму и Кашмир
Њу Делхи, 8 ноември 2024 (МИА) – Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска ја поддржа контроверзната одлука на неговата Влада од 2019 година за укинување на делумната автономија на државата Џаму и Кашмир.
- Во Кашмир ќе важи само Уставот на Бхимрао Амбедкар … Ниту една сила во светот не може да го врати членот 370 (делумна автономија) во Кашмир, истакна Моди, алудирајќи на еден од творците на Уставот на Индија.
Владата на хиндуисти националистичката партија Бхаратија Џаната на Моди во 2019 година ја отповика делумната автономија и ја подели државата на две федерално управувани територии – Џаму и Кашмир и Ладак, одлука на кој се спротивставија голем број политички групи во регионот на Хималаите.
Во септември и октомври, Џаму и Кашмир ги одржаа своите први локални избори по една деценија, а оваа недела новоизбраните пратеници изгласаа резолуција со која бараат враќање на делумната автономија.
Владејачката партија на државата Џаму и Кашмир, Национална конференција во изборната кампања вети дека ќе ја врати делумната автономија, иако тоа може да го направи само федералната Влада. ми/
фото: МИА архива