• сабота, 27 јули 2024

Млад Палестинец убиен на Западниот Брег

Млад Палестинец убиен на Западниот Брег
Рамала, 15 септември 2022 (МИА) - Палестинско момче е убиено изутринава во нови конфликти во северниот дел на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Удај Салах е погоден во главата за време на операција на израелските сили во селото Кфар Дан, недалеку од Џенин. Три лица, двајца Палестинци и израелски офицер, загинаа вчера во размена на оган близу преминот меѓу Израел и палестинскиот град Џенин. бд/сд/

Остани поврзан