• среда, 20 ноември 2024

Младите кошаркарки осмопласирани на Европското првенство во Скопје

Младите кошаркарки осмопласирани на Европското првенство во Скопје
Скопје, 17 јули 2022 (МИА) - Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години заврши на осмото место на овогодишното издание на Европското првенство Б-Дивизија кое се одржува во Скопје. На натпреварот за седмото место, репрезентацијата на Норвешка беше подобра од нашата женската младинска репрезентација со резултат 77:45. Најмногу поени во тимот на Северна Македонија постигнаа Илина Селцова и Теона Поп Стојанова, по осум, додека, по седум поени забележаа Наталија Секуловска и Елена Тасевска. Додека, на противничката страна, најефективни беа Кајрин Санфорд и Фатима Мухамед кои со 26 поени и шест скока, односно 17 поени и четири асистенции ја предводеа Норвешка. ар/бк/

Остани поврзан