• сабота, 23 ноември 2024

Мишел: Да помогнеме да се избегне ескалација на состојбата на Блискиот Исток 

Мишел: Да помогнеме да се избегне ескалација на состојбата на Блискиот Исток 

Брисел, 18 април 2024 (МИА) – Мораме да ги преземеме сите напори за да помогнеме да се воспостави стабилност во регионот на Блискиот Исток и да се избегне ескалација на состојбата, објави ноќва претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. 

Посочувајќи дека ЕУ го осудува нападот на Иран врз Израел, Мишел во објава на Икс наведе дека Унијата ги повикуваме сите страни во регионот да покажат максимална воздржаност. 

- Советот на ЕУ е посветен да работи со партнерите за ставање крај на кризата во Газа, вклучително и преку итен прекин на огнот, безусловно ослободување на заложниците и 

обезбедување непречен пристап до хуманитарна помош, додаде Мишел во објавата по првиот ден од Специјалниот самит на Унијата што се одржува во Брисел. 

Претходно, Мишел објави дека мора итно да се обезбеди противвоздушна одбрана за Украина и да се забрза испораката на сета воена поддршка за земјата, вклучително и муниција.  

- Со претседателот Володомир Зеленски разговаравме за најновите случувања во Украина. Силно ги осудуваме нападите на Русија врз критичната инфраструктура, особено врз енергетскиот сектор, наведе Мишел во објава на Икс.  

Тој во друга објава истакна и дека ЕУ има стратешки интерес за стабилно и безбедно опкружување во Источниот Медитеран и за развој на кооперативни и взаемно корисни односи со Турција.  

- Важно е да се обноват преговорите за решавање на кипарското прашање и да се постигне напредок. ЕУ е подготвена да игра активна улога во поддршката на тој процес предводен од ОН, додаде Мишел во објавата.  

Состојбата на Блискиот Исток по иранските напади со дронови и проектили врз Израел, случувањата во Украина, односите на ЕУ со Турција, како и кипарското прашање, се меѓу темите на дневниот ред на прв ден од дводневниот Самит на Унијата, кој е последен предвиден собир на лидерите на блокот пред евроизборите во јуни. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан