Хамас соопшти дека изгубил контакт со групата што го држела последниот американски заложник во Газа
- Бригадите Изад-Дин ал-Касам, вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, денеска соопшти дека го „изгубиле контактот“ со групата која го држела израелско-американскиот заложник Идн Александар.

Газа, 15 април 2025 (МИА) – Бригадите Изад-Дин ал-Касам, вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, денеска соопшти дека го „изгубиле контактот“ со групата која го држела израелско-американскиот заложник Идн Александар.
- Изгубивме контакт со групата што го држи војникот Идн Александар по бомбашки напад чија цел беше нејзината локација и продолжуваме да се обидуваме да контактираме со нив, рече портпаролот на групата, Абу Обеида, во изјава објавена на Телеграм.
Портпаролот на Хамас вчера изјави дека Израел побарал враќање на израелско-американскиот заложник Идн Александар „како знак на добра волја“ на првиот ден од влегувањето во сила на новиот договор за прекин на огнот. Тој е единствениот жив заложник со американско државјанство кој сè уште го држи палестинската исламистичка група, која во саботата објави видео од него. јт/
Фото: МИА архива