• сабота, 27 јули 2024

Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон, потврдена поддршката од САД

Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон, потврдена поддршката од САД

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски остварил повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон, соопшти владината прес-служба.

Во текот на вчерашниот ден Мицкоски заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието Африм Гаши имале средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама.

На средбата од двете страни биле потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.

-Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња, истакнал Мицкоски.

Воедно било посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените била изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД. дма/са/

Фото: Влада

Остани поврзан