• среда, 13 ноември 2024

Мицевски: Нема пазар со уставобранителите за уставни измени

Мицевски: Нема пазар со уставобранителите за уставни измени

Скопје, 6 февруари 2023 

Пазар со уставобранителите и осудените за 27 април со уставните измени нема да има, тоа не го сакаат ни тие. Од она што го имаме како информации и од адвокатите кои зборуваме, не сакаат на крај на денот да ги третираат како терористи, затоа е и овој Закон за амнестија да се исправи огромната грешка со Законот за амнестија од 2018 и селективната правда, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Никола Мицевски за „10 минути“ на ТВ21.

Мицевски потенцираше дека уставобранителите биле уценувани да кажат дека имаат направено нешто за да добијат помали казни, не го сториле тоа и не бараат милост туку правда.

- Затоа ние како пратеничка група по инцијативата на двајцата адвокати ги повикавме на средба им укажавме на забелешките, се сложија и таа иницијатива е поднесена во Собрание на  3 февруари. Првата седница е на 13 февруари, очекуваме дека нема да имаме пречка или некој технички злоупотреби на процесот од страна на Џафери и истото ќе се најде на дневен ред, рече Мицески.

Тој додаде дека тоа што е важно е дека се опфатени сите осудени лица и со ова законско решение ќе исправи селективната правда.

Пред Врховниот суд има барање за вонреден правен лек и ова ќе значи забрзување на процесот за конечно овие луѓе да си ја најдат правдата и да не бидат селективно осудени, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека ако го следиме целиот овој процес ќе видиме дека најавените уставни измени беа најавени по изгласување на францускиот предлог дека власта ќе започнат со уставните измени.

Тој посочи дека потоа власта се помести за Уставни измени за почетокот на оваа година па сега гледаме дека одредени структури од СДС велат дека тоа би се случувало напролет или летото дури се оди и до таму што се зборува дека овој мандатен состав нема да направи уставни измени.

„Зошто го зборувам ова ? Затоа што можете да ја видите кохезијата која ја има во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери а со последниот закон кој го поднесовме законот за амнестија“, рече Мицевски

Мицевски посочи дека на законите предложени од опозицијата се потпишани сите пратеници, додека пак кај власта на еден закон не се потпишани сите пратеници.

„Законот за амнестија е потпишан од 44 пратеници и тоа е најголемиот број на пратеници во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Сега ќе прашам најдете закон на кој се потпишани сите пратеници од владејачкото мнозинство и коалицијата на СДС заедно на еден закон. Таков закон јас ве уверувам дека нема“, вели Мицевски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан