Мицевски: За ДУИ сега Уставниот суд е параполитички орган, а сите актуелни 9 уставни судии се избрани во време на владеењето на ДУИ и СДС
- СООПШТЕНИЕ
11 декември 2024
На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеникот и член на ИК од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој се осврна на актуелната тема за седницата на Уставниот суд која беше одржана денес за иницијативите за Законот за јазици. Мицевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ по основ на овој закон поднело 35 илјади амандмани, но тие не биле разгледувани, ниту била поведена било каква постапка.
„Ќе потенцирам неколку работи од тоа што го спомна јас можам да почнам од генезата на овој проблем кој што го наметнува ДУИ, а кој што е присутен на политичката сцена, кој за жал еден одреден временски период беше оставен на страна токму од тој параполитички орган како што го нарекува ДУИ, Уставниот суд, меѓутоа тоа е нивно право, затоа што ВМРО-ДПМНЕ по основ на овој закон имаше поднесено 35 илјади амандмани кои што беа фрлени во ѓубре, не беа разгледани ниту беше поведена било каква постапка согласно деловникот и Уставот за работа“, рече Мицевски.
Мицевски исто така нагласи дека за време на владеењето на ДУИ, како пратеник бил сведок за тоа како Законот за јазици од непознати причини се појавило на Комисијата за европски прашања која била предводена од Артан Груби и чие времетраење било ограничено и дека целиот тој процес односно комисија наликувала на лакрдија.
„Второ Законот за јазици е закон кој што требаше да се најде на секоја комисија во парламентот, политички систем, уставна, финансиска затоа што опфаќа дел и од финансиски средства меѓутоа заврши некако чудно на Комисија за европски прашања која што ја води Артан Груби на која што е ограничено односно лимитирано времето за траење на истата таа седница, јас во тој период бев пратеник и сум учесник во сите тие настани и можам слободно да кажам дека целиот процес односно целата комисија наликуваше на едно лакрдија само и само заради притисокот односно желбата ДУИ овој закон да го донесе на начин на кој што го донесе“, објасни Мицевски.
Тој нагласи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ направиле средба со Венецијанската комисија на која што биле укажани проблемите со кои се соочуваат сега, и нагласи дека во тој период Бујар Османи и Артан Груби нагласиле дека ќе ги вградат забелешките од Венецијанската комисија на ова законско решение но забелешките ниту се разгледале ниту дошле до дневен ред.
„Ние во тој период дискутиравме комисиски, дискутиравме на пленарна седница побаравме средба со Венецијанската комисија, Венецијанската комисија направи средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која што укажавме на проблемите со кои што ќе се соочиме со законот, со дел од законот со она што беше предлагано во него и тоа и се случи само и само за да помине ова законско решение. Бујар Османи не убедуваше дека исто така и Артан Груби дека забелешките на Венецијанската комисија ќе бидат вградени во ова законско решение, за жал целта беше само да се смири притисокот кој што го имаа во тој период, никогаш ниту се разгледа тоа ниту се дојде до дневен ред дополнително оспоруван од сите, указот начинот на кој што беше потпишан овој закон затоа што е надвор од уставната одредба и можности и сите тие 13 подносители на иницијативи се повикуваат на различен дел од законот меѓутоа на крајот на денот сите тие 13 подносители на иницијативи меѓу кои што е и ВМРО-ДПМНЕ имаат основа за барање на поведување на постапка за оценување на уставноста на ова законско решение“, рече Мицевски.
Мицевски заклучи дека сите актуелни 9 уставни судии се избрани во време на владеењето на ДУИ и СДС.
Мицевски до Беџети: Откако Стејт департментот го стави Груби на црна листа, сега Груби вели дека ќе се жали, прашањето е знае ли каде ќе се жали?
„Свесно е владејачкото мнозинство за тоа на што се сте спремни да направите, само да ја избегнат одговорноста на голем дел политичари што им следува од ДУИ и СДС, се враќаат во национални теми затоа што нема што да кажат. Да зборуваме за „Зелената ДУИ“ нема што да зборуваме, да зборуваме за инвестициите кои ДУИ ги правеше изминативе години нема што да зборуваме, да зборуваме за образованието ДУИ кое го продуцираше нема што да зборуваме затоа што книги не успеаа да испечатат во изминатиот период, да не зборуваме за економијата бидејќи граѓаните ди доведовте до просјечки стап“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК, Никола Мицевски во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Тој истакна дека ДУИ се фокусирани само на она што значи спас од политичка одговорност и упати прашање кон Блерим Беџети за тоа каде Груби ќе се жали?
„Морате да прифатите и не може сега да релативизиравме и да минимизирате кога истата оваа казна беше дадена на уште еден висок функционер на ДУИ, а тоа е градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко каде истиот ден се организиравте и го суспендиравте од сите политички функции кои ги имаше. За денеска, да кажувате небулози дека Артан Груби имал право на жалба и ќе ја докажел својата невиност, на кого колега Беџети ќе ја докаже невиноста кога американската администрација односно Стејт департментот излезе со тоа дека имаат докази за политичкото влијание во судството и тие нема да бидат толерирани, рече Мицевски.
Мицевски продолжи и додаде дека на граѓаните им е преку глава од измислените правила на ДУИ.
„На граѓаните им е преку глава од вашите правила. Граѓаните на овие избори ја казнија политиката на ДУИ и СДС. Граѓаните на овие избори дозволија опозицијата да направи Влада. Етнички победник кај Албанците се Влен затоа што сами освоија 110,000 гласа“, дециден е Мицевски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.