• среда, 25 декември 2024

Митева: ФИТР ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира

Митева: ФИТР ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира

24 декември 2023

ФИТР ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира и формулацијата „апликантите да бидат во добра состојба со властите“ ја замени со „апликантите е потребно да бидат признати и без примедби од соодветните органи на Македонија“.

Пред само еден ден Фондот за иновации ја убедуваше јавноста дека не станува збор за никаков проблем, туку дека е погрешно протолкувано од наша страна. Па оттука, сосема логично се поставува прашањето зошто условот за тоа кој коже да аплицира во меѓувреме е променет доколку станувало збор за правилен критериум кој немал за цел да ги протне апликантите кои се само за нив подобни?

Колку огласи на ФИТР до сега се поминати со вакви услови и далеку од очите на јавноста?

Почитувани, очекуваме сега ФИТР да одговори кои се фирмите или физичките лица за кои власта нема примедби? Дали се истите фирми за кои претходно се велеше дека треба да се во добра состојба со властите или пак станува збор за построг критериум кој ќе го стесни кругот на можни апликанти?

Ваквиот начин на функционирање преку кој се остава дамка врз огласот но и кредибилитетот на институцијата дома, но и пред меѓународните организации претставува основен показател зошто во Македонија никогаш не било полошо на секое поле. Затоа важно е да ги поразиме!

 

Прес-конференција на Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан