• понеделник, 14 октомври 2024

Министерт Лимани учествува на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес

Министерт Лимани учествува на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, утре и задутре во Берлин ќе учествува на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Лимани, како што соопшти Министерството, ќе се обрати на конференцијата насловена: „Декада на влијание: Младите го зајакнуваат регионот во рамките на Европскиот проект“, заедно со министри на Владите од шесте земји од Западен Балкан, како и на Франција и Германија и претставници на Регионалните канцеларии за младинска соработка – RYCO.

Оваа година се одбележува значаен јубилеј во историјата на нашиот регион — 10 години од започнувањето на Берлинскиот процес кој што не претставува само иницијатива, туку визија за иднината на Западен Балкан, преку промовирање на регионална стабилност, економски развој, соработка меѓу земјите и поддршка во евроинтеграциите, стои во соопштението.

Основањето на RYKO претставува особено важна платформа за младите во нашиот регион, затоа што игра клучна улога во поврзувањето на младите во регионот. И претставува  едно од најголемите достигнувања произлезени од Берлинскиот процес.

Министерот Лимани покрај учеството на панел дискусијата насловена: „Европскиот проект низ призмата на младите“, ќе оствари и повеќе билатерални средби. нд/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

 

Остани поврзан