• среда, 18 декември 2024

Министерот Тошковски на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес

Министерот Тошковски на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес

Скопје, 17 септември 2024 (МИА)  - Делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски учествува на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.

-Одбележувајќи ја десетгодишнината од постоењето на оваа иницијатива, беше истакнато дека регионот на Западен Балкан живее историски моментум во однос на неговата европска перспектива, а токму Берлинскиот процес може да постигне синергија на  индивидуалните напори на шесте земји од Западен Балкан како механизам за подготовка за пристапување кон ЕУ, информираат од МВР.

Во рамки на сесијата посветена на борбата против нерегуларна миграција како и нелегално криумчарење мигранти, министерот Тошковски истакнал дека миграцијата и миграциските движења веќе подолго време се еден од главните предизвици, не само за регионот на Западен Балкан, туку и за Европа и дека е неопходна координација на сите постоечки иницијативи и мерки за справување со илегалната миграција, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, и тоа не само од страна и во регионот на Западен Балкан, туку и на ниво на Европската унија и нашите меѓународни партнери.

Во обраќањето во рамки на сесијата за борба против организиран криминал, министерот Тошковски подвлекол дека без оглед дали станува збор за организиран криминал, трговија со луѓе, илегални миграции, трговија со наркотици... навистина е важна секоја иницијатива за регионално поврзување во борбата против организираниот криминал и брзата размена на информации меѓу службите.

-Во таа заедничка борба против организираниот криминал, а особено кога станува збор за следењето на парите и финансиските структури на организираните криминални групи, од есенцијална важност е да се интегрираат сите надлежни институции, развивајќи на тој начин систем за рано предупредување како моќна алатка во борбата против организираниот криминал и другите незаконски активности, истакнал министерот Тошковски. сст/дма/

фото: МВР

 

Остани поврзан