• среда, 27 ноември 2024

Министерот Лимани на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата во Турција

Министерот Лимани на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата во Турција

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Република Турција, каде ќе учествува на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, кој оваа година е со тематски наслов „Жените во ерата на вештачката интелигенција (ВИ): Растечки предизвици и зголемени можности“.

Самитот, како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, се одржува на највисоко ниво, со  присуство на претседателот на Република Турција, Таип Реџеп Ердоган, првата дама на оваа земја Емине Ердоган, министерката за семејство и социјални прашања  Оздемир Ѓокташ, министри од повеќе земји и претставници на Здружението жени и демократија во земјата.

Покрај учеството на министерот Лимани на Самитот предвидени се и билатерални средби со претставниците на земјите учеснички на истиот. дма/са/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан