• недела, 06 октомври 2024

Министерот за правда Игор Филков упати честитка по повод Денот на независноста

Министерот за правда Игор Филков упати честитка по повод Денот на независноста

Скопје, 8 септември 2014 

„Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста!

Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на нашата држава кога пред 33 години, на референдум, граѓаните убедливо гласаа да живеат во независна, слободна и демократска Република Северна Македонија.

На овој ден оддаваме почит и благодарност до сите наши предци кои со својата храброст, пожртвуваност и посветеност го трасираа патот на независна и самостојна држава.

Само единствени и сплотени, со зацртана визија и цел ќе успееме да ја направиме нашата држава подобро место за живеење на сите нејзини граѓани“.

Министерство за правда

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан