• среда, 25 декември 2024

Министерот за дигитална трансформација во посета на Естонија

Министерот за дигитална трансформација во посета на Естонија

Скопје, 17 ноември 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во наредните три дена ќе оствари работна посета на Талин, Естонија.

Како што соопшти Министерството, во рамки на посетата, на покана на Естонската Академија за е-управување, Андоновски ќе биде еден од главните говорници на најголемиот самит за дигитализација – Tallinn Digital Summit (https://www.tds.icds.ee/).

Андоновски ќе се обрати на панелот насловен како „Сајбер отпорност и партнерства со Западен Балкан: Дигитална технологија и управување“, на кој ќе зборува за постигнувањата на новата Влада во поглед на новите електронски услуги, подобрувањето на процесите на управување и плановите и визиите со Националните стратегии за сајбер безбедност и за ИКТ развој.

На маргините на Самитот, планирано е Андоновски да оствари билатерална средба со министерката за правда и дигитални прашања на Естонија, Лииса-Ли Пакоста, како и со заменик министерката за дигитална трансформација на Украина, Валерија Ионан, стои во соопштението.

Андоновски е поканет и да присуствува на свечениот состанок кој го организира премирот на Естонија, Кристен Микал. нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан