• сабота, 27 јули 2024

Министерката Костадиновска-Стојчевска во посета на Делчево

Министерката Костадиновска-Стојчевска во посета на Делчево

Делчево, 21 декември 2023 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска е во работна посета на општина Делчево.

Според агендата од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска ќе оствари средба со градоначалникот Горан Трајковски и ќе направи обиколка на делот од Спомен-домот на АСНОМ, каде во тек се последните активности од проектот за реконструкција и санација на малата сала, поддржан од Програмата за капитални дотации во културата за единиците на локалната самоуправа.

На покана на ФГ „Копачка“, министерката за култура ќе присуствува и на свеченото дефиле по повод одбележувањето на 75 години од постоењето на ЗФГ „Копачка“ и 20 години од донесувањето на Конвенцијата за заштита на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан