• сабота, 23 ноември 2024

Министерката за финансии најверојатно следната недела ќе отпатува за Унгарија

Министерката за финансии најверојатно следната недела ќе отпатува за Унгарија

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најверојатно следната недела ќе отпатува за Унгарија, но прво, како што вели, треба да пристигне билатераниот договор. 

Северна Македонија договори заем од пола милијарда евра од Унгарија, а веста за тоа ја обелодени премиерот Христијан Мицкоски од Самитот на НАТО во Вашингтон. 

Според изјавите на премиерот, заемот се зема под поволни услови со каматна стапка од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата, што значи вкупно 15 години. 

За него, според премиерот, ќе биде изработен специјален закон кој низ транспарентна процедура Владата ќе го поднесе до Собранието и пратениците од сите политички партии ќе имаат увид во него.

Половина од заемот ќе биде наменет за проекти за општините, а другата половина за компаниите. бак/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан