• недела, 24 ноември 2024

Минимална плата во Белгија се зголемува на 2029,88 евра 

Минимална плата во Белгија се зголемува на 2029,88 евра 

Брисел, 30 март 2024 (МИА) - Загарантираната месечна минимална плата за полно работно време во Белгија од утре се зголемува на 2029,88 евра, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Досега, загарантираната минимална плата во земјата изнесуваше 1992,38 евра, а зголемувањето е во рамки на планот на Владата за нејзин раст оваа година за 37,50 евра. Следното зголемување, исто така за 37,50 евра, е предвидено за 2026 година. 

Со ова Белгија ќе се приклучи на групата на членки на ЕУ чија минимална плата е повисока од 2000 евра. 

Поголема минимална плата од Белгија од утре ќе имаат само Луксембург и тоа од 2570,93 евра, Ирска од 2146,30 евра, Холандија од 2070,12 евра и Германија од 2054 евра. 

По Белгија следна е Франција, каде од 1 јануари годинава минималната плата е покачена на 1766,92 евра. 

Во својата предизборна програма за белгиските парламентарни и регионални избори, што ќе се одржат во јуни заедно со европските избори, валонската Социјалистичка партија (ПС) ветува дека во следните години минималната плата во Белгија ќе се зголеми на 2800 евра. Според анкетите, се очекува ПС да освои најмногу гласови во Валонија и да биде трета по јачина сила во регионот на Брисел, со што би имала најголем број пратеници меѓу партиите од актуелната седумпартиска владејачка коалиција. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан