• сабота, 27 јули 2024

Милан, Наполи и Њукасл заинтересирани за голманот на Монца

Милан, Наполи и Њукасл заинтересирани за голманот на Монца

Рим, 9 декември 2023 (МИА) - Два клуба од италијанската Серија А и еден од англиската Премиер лигата се заинтересирани за услугите на голманот на Монца, Микеле ди Грегорио.

Според „Tuttosport“, за голманот се заинтересирани Милан (доколку го продаде сегашниот голман Мајк Мањан) и Наполи, чиј главен голман Алекс Мерет има договор само до крајот на тековната сезона.

Премиерлигашот Њукасл, исто така, сака да го има во своите редови Грејорио. Скаутите на „страчките“ присуствуваа на неколку натпревари на Монца и се воодушевени од настапот на првиот број на италијанскиот клуб.

Дваесет и шестгодишниот Ди Грегорио бранеше на 13 натпревари во Серија А и прими 13 гола. зс/

Фото: Фејсбук Michele Di Gregorio

Остани поврзан