• среда, 27 ноември 2024

Милановиќ: Одлуката за признавање на Палестина не е едноставна, неопходен е разговор меѓу премиерот и претседателот

Милановиќ: Одлуката за признавање на Палестина не е едноставна, неопходен е разговор меѓу премиерот и претседателот

Загреб, 22 мај 2024 (МИА) - Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ денеска изјави дека евентуалното признавање на Палестина не е едноставна одлука и дека премиерот Андреј Пленковиќ и тој треба заедно да одлучат за тоа.

Милановиќ не одговори директно на прашањето дали Хрватска треба да ја признае Палестина откако Ирска, Шпанија и Норвешка најавија дека ќе го сторат тоа на 28 мај, но го критикуваше Пленковиќ, кој претходно изјави дека Хрватска „моментално не размислува“ за признавање на Палестина.

Милановиќ нагласи дека „тоа не е едноставна одлука“ и дека до неа треба да се дојде преку разговор меѓу претседателот и премиерот.

Милановиќ оцени дека Пленковиќ го прекршува уставот затоа што самостојно носи одлуки кои се заедничка одговорност, како што правел со испраќањето помош за Украина.

Милановиќ рече дека „има аргументи“ за признавање на Палестина, „но уште повеќе аргументи за разговор“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан