• среда, 27 ноември 2024
МИА Општински пул

 29 октомври 2024 

Штип – Меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци е распишан на 18 октомври, потврди денеска за МИА, Ана Мазнева-Каранфиловска од Mинистерството за животна средина и просторно планирање.

Изградбата на новиот современ систем за депонирање на отпад опфаќа вкупно 18 општини од Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе, која е дел од Вардарскиот регион. Изградбата на депонијата треба да чини 40 милиони евра, средствата се обезбедени од фондовите на Европската Унија.  

Регионалната депонија ќе треба да опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имала вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди. вдј/дма/

Фото: МИА 

Скопје - Корисниците од дел од ул. „Србија“ во општина Аеродром денеска ќе немаат електрична енергија од 9 до 12 часот.

Според известување од ЕВН Македонија АД, струја од 9 до 13 часот ќе немаат и дел од потрошувачите на ул. „Скупи“, дел од објектите околу сервис „Олимпико“ во општина Карпош, како и корисниците на дел од  село Орешани во општина Зелениково, од 9 до 15 часот. 

Скопје – Дел од корисниците на улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Апостол Гусларот“ во Општина Центар ќе немаат вода поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. „Киро Крстевски Платник“ 21.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 9 часот и ќе трае до санирање на дефектот.

 Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат и корисници од ул. „Стогово“ во Карпош поради реконструкција на водоводна мрежа на таа улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности. 

Остани поврзан