• недела, 06 октомври 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

24 август 2024

Скопје -   Премиерот Христијан Мицкоски ќе го посети Јавното претпријатие за државни патишта по што е предвидена изјава за медиуми. (Даме Груев бр.14 - Плоштад ВМРО/10:00).

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе го посети Основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. (11:30)

Скопје - Амбасадата на Република Украина со пригодна свеченост близу споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје, ќе го одбележи 24 Август - Денот на независноста на државата. (11:00)

Скопје -  Претседателот на Демократското движење Изет Меџити ќе се обрати на настан по повод една година од  основањето на партијата. (плоштад „Скендербег“/19:15)

Скопје -  Прес конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. (Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев/11:00

Скопје - Прес-конференција на портпаролката на СДСМ  Богданка Кузеска. (пред Основно Јавно Обвинителство -Скопје/11:00

Скопје - Ликовен настан Карпошово културно лето – Мирисот на летото 2024 година, во организација на Детскиот ликовен центар. (Двор на објектот на Кинотека/10:00-19:00)

Дортмунд - Отворање на изложбата „Одблесоци“ од авторот Слободан Милошески. (Галерија  „Friedrich7“/18:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан