МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 14 август 2024
14 август 2024
Скопје - Прес-конференција по координацијата на скопските градоначалници за актуелните состојби во главниот град. (Простории на Општина Кисела Вода/11:30)
Македонски Брод - Општина Македонски Брод и Сојузот за младинска работа ќе го отворат Младинскиот центар по повод одбележување на Светскиот ден на младите - 12 Август. (Младински центар, ул. „Партизанска“ бр. 22 / СОУ „Св. Наум Охридски“/12:00)
Скопје - Изјава за медиумите на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски по повод поставување нови фасади на станбените згради на улица „Јуриј Гагарин“ број 47 и 49. (населба Козле, во близина на споменикот на Кузман Јосифоски-Питу /10:30)
Охрид - Пливачот Томи Стефановски организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ заедно со невладината организација ИТК Македонија - Скопје и Охридскиот пливачки паратонпо, повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш. (Стефановски ќе плива од х.„ Десарет“ во Пештани до црквата „Св. Јован Канео“ и назад до охридското пристаниште/10:30)
Скопје - Отворање на изложбата „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на уметникот Доротеј Нешовски. (Младински културен центар /20:00)
_________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***